Битолчанец без никаква причина си го претепал соседот

Вчера во 12 часот и 30 минути 64-годишниот битолчанец В.Н. пријавил дека истиот ден на улицата „Питу Гули“ додека преместувал стари прозори во зградата во која живее, бил нападнат од свој сосед.

Се работи за 34-годишниот П.Б. кој физички го нападнал својот сосед нанесувајќи му тешки телесни повреди во пределот на телото.

Битолчанецот бил веднаш пренесен на Клиниката во Битола.

најчитано сега