Еве кои делови од Скопје утре ќе останат без струја

Утре дел од Скопјани ќе останат без електрична енергија од 08:00 до 15:30, известуваат од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. 

Во периодот од 08:00 до 13 часот без струја ќе бидат жителите од опшина Аеродром кој што се наоѓаат кај расадникот Бутел на потегот кон улицата Радишанска. До 16:30 пак без струја ќе бидат Студеничани. а од 09:00 до 10:00 нема да можат да корисат електрична енергија корисните од улуца 5 во село Волково во општина Ѓорче Петров.  

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе останат корисниците од главна улица бр.2, поточно корисниците лоцирани спроти училиштето и улицата кон индустриската зона во село Визбегово од општина Карпош.

Истиот период без струја ќе останат и корисниците од ул. Ѓорче Петров лоцирани во околината на киното од општина Ѓорче Петров, додека од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Џумајска ( општина Карпош )

 

Во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Франц Прешерн нема да можат да користат електрична енергија истото важи и за  корисниците од ул. Црногорска – подулица2 од општина Ѓорче Петров од 09.30 до 11.00 часот,

- Нема да можат да користат ниту во периодот од 09.30 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Метохиска. ( општина Шуто Оризари )

- во периодот од 09.30 до 15.30 часот, корисниците од село Копаница лоцирани кон патот за село Рашче. ( општина Сарај )

- во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. бр.23 во село Волково. ( општина Ѓорче Петров )

 - во периодот од 12.00 до 15.30 часот, корисниците од ул. Димо Хаџи Димов, како и дел од корисниците од ул. Божидар Аџија. ( општина Кисела Вода )

ФОТО: Комуникација.мк