УЈП предупредува: Глоба од 7.000 евра за приредувачите на игри на среќа кои немаат НИС
За сите приредувачи на игри на среќа и покрај законската обврска се уште не вовеле Надзорен информациски систем со цел да избегнат следење на реалните уплати и исплати на добивките од игри насреќа и спречување на даночниците да располагаат со податоци за остварениот промет во сите деловни единици, ќе следуваат глоби од 7 илјади евра, предупредуваат од УЈП.
За невоведување на НИС, законот превидува затворање на сите деловни единици на приредувачот на игри на среќа во траење од 30 дена и парична глоба од 7 илјади евра. Вакви казни „заработи“ еден скопски приредувач на игри на среќа, кај кои сите три деловни единици беа затворени од даночниците, додава УЈП.
Обврска за НИС имаат 28 приредувачи на игри насреќа, со вкупно 500 деловни единици, кои треба да бидат 24/7 он-лајн поврзани со информацискиот систем на УЈП, заради реално оданочување на добивките со посебната давачка од 20%, која се плаќа на разликата на вкупно примените уплати и вкупно исплатените добивки од игрите на среќа.