Фасцинантно откритие на дното на океанот

 

Екипажот кој ги пребарува водите во западна Австралија пронашла еден куп предмети за кои се испоставило дека се остатоци од брод.

Научниците на почетокот се посомневале дека откриле предмети, остатоци од авионот кој исчезна во март минатата година, па поради тоа се спуштија на дното за да проверат за да бидат сигурни.

Она што го откриле дефинитивно не биле остатоци од авион туку предмети и делови од брод од 19 век.

Пронајдовме големброј на мали објекти и неколку поголеми предмети од кои најголемиот беше шест метри долг. Археолозите сега ги проучуваат фотографиите за да се обидат да го идентификуваат бродот.

Поморскиот археолог Мајкл Мекарти изјавил дека се пронајдени предмети делови од теретен брод изграден во средината или крајот на 19 век.

Тој верува дека бродот потонал поради застареност и лошото време, а додал дека е тешко да се идентификува од остатоците, доколку не се дојде до негова близина.

 

„Ова е фасцинантно октиртие, со оглед на тоа дека се работи за чест тип на теретен брод од 19 век, без очигледниот терет кој таму останал, се сомневам дека некој ќе плати огромна цена за да се проучи од близина“, изјавил Мајкл.  

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега