Пристигнаа најлошите вести за викендот
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а дневната од 26 до 32 степена.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринска температура 10, дневната ќе достигне до 30 степени.
И во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, но кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд. Во недела, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа