ФОТО: Струмичани на масовен протест побараа оставка од Заев

 

Граѓаните на Струмица денеска на масовен протест побараа оставка од градоначалникот Зоран Заев, откако лидерот на СДСМ вчера беше фатен жив со видео снимката како бара мито од 200.000 евра.

 

„Дали планирате да се појавите пред струмичани?“, „Струмица не е нечиј чифлик за продавање“, „Вистината за Струмица- 1 евро за 1 метар квадратен“, „Едно евро имаме кај Вице“ беа дел од пораките кои струмичани ги упатија до нивниот градоначалник по избивањето на скандалот.

protest-2

Револтот на струмичани се појави откако ова е прв ваков темелен случај на градоначалник и политичар да бара мито и за тоа да е фатен на видео снимка. Заев бара по 100 илјади евра за себе при што вика парите да се уплатат кај неговиот брат Вице Заев, а втората половина порачува да се дадат како донација.

protest-3

По објавувањето на несоборливиот доказ како што се гледа на видео снимката покрај барањето од граѓаните на Струмица тој да си поднесе оставка од градоначалничката фунција, исто така и во СДСМ се повеќе расте притисокот Заев да си оди од лидерската позиција во партијата. 

protest-4

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега