ФОТО: Срдечна средба на скопските фраери од деведесеттите
Се појавија на почетокот на деведесеттите на скопското КМР Скај радио и направија бум!
Станува збор за водителското дуо Дарко и Викса, Дарко Мијалковски и Виктор Петров кои беа ултра популарни и ултра смешни. Нив ги сакаа сите кои имаа среќа тие години да бидат доволно возрасни за да ги слушаат. Емисија „Угаси го радиото“ на КМР Скај радио секогаш имаше рекорден број слушатели, впрочем како и повеќето емисии на таа фреквенција, мошне популарна во тоа време поради фактот што нудеше забава и убава музика.
Исто така Дарко и Викса се бавеа и со музика, како дуо Sexy4Sexy ја снимија песната „Денес купив мебел“ која и ден денеска е мошне популарна, како и уште неколку други.
Утрово старите пријатели се сретнаа во Радио Слободна Македонија, каде Дарко Мијалковски беше гостин како директор на Макфест во емисијата која Викса ја води заедно со Елена „Утрински поглед“.
Покажаа дека е возможно старите пријателства да опстојат и срдечно се поздравија и се дружеа низ емисијата, а и потоа!
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа