Фатос Река, албански амбасадор во Македонија

 

Нов амбасадор на Република Албанија во Република Македонија ќе биде Фатос Река. Ова се наведува на веб сајтот на претседателот на Република Албанија Бујар Нишани, кој денеска попладне го потпишал декретот, со кој Река се наименува за амбасадор во Република Македонија.

- Врз основа на член 92 и 93 од Уставот по предлог на премиерот го наименувам Фатос Река за нов амбасадор на Република Албанија во Република Македонија. Указот стапува во сила веднаш, стои во указот објавен попладнево, пренесува МИА.

Фатос Река е вработен во Министерството за надворешни работи на Албанија, но не се смета за позната  личност на албанската политичка сцена. Тој доаѓа на местото на Петрит Бушати, кој за амбасадор во Скопје дојде во мај 2014 година, а почина истата година во ноември. Дел од медиумите во Албанија наведуваат дека потеклото на Река е од областа Река во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега