Зошто еден од најголемите фаворити се откажа од „Ѕвездите на Гранд“?
Една од најталентираните пејачки од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Емина Туфо се откажа од натпреварувањето. Иако пленеше со својот глас, и доби дури шест притиснати тастери, Емина одлучи да се повлече од приватни причини.
Добив безброј пораки дека сум фаворит и навистина сум изненадена што покрај таква конкуренција остварив навистина голем успех.
Но моите приватни обврски, факултетот, здравствената состојба, генерално сум лабилна и чувствителна здравствено, па тоа може да ми влијае да не можам да го издржам притисокот од работата, темпото и одговорностите кои една таква голема продукциска куќа ги носи со себе. Но навистина сум среќна што бев дел од сето ова и благодарна сум на Гранд за пружената шанса, изјави Емина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа