Сноуден остана без идентитет - Американецот заглави на московскиот аеродром

 

Едвард Сноуден поранешниот службеник на американската Национална безбедносна служба се наоѓа во транзитната зона на аеродромот во Москва „Шереметјево“ поради неважечкиот пасош кој му бил поништен од страна на САД. Сега тој не може да го докаже својот идентитет и да набави билет за да замине од Русија. Путин пак од друга страна истакна дека тој е слободен да замине каде сака и дека би требало да го стори тоа што е можно побрзо. Путин додаде дека нема намера да го екстрадира на американските власти поради тоа што нема договор со САД за екстрадација. Американскиот печат пак пренесува дека транизтната виза на Сноуден истекува во наредните три дена, а тој не побарал нејзино продолжување. 

најчитано сега