Денешниот марш за подршка на безбедносните сили е и признание за работата на Јанкулоска и Мијалков

Денешниот настан кога по улиците на Македонија маршираат над 70 илјади луѓе со поддршка за полицијата и полициската акција во Куманово е голем симбол за тоа со кого е народот и дека народот ја поддржува полицијата и тоа што полицијата го прави за заштита на мирот и стабилноста на сите граѓани.

Покрај тоа што маршот е силна порака за поддршка на припадниците на полицијата кои се секогаш спремни за справување со предизвиците не штедејќи се нималку, познавачите велат дека овој настан е и своевидно признание за работата на Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, кои во изминативе 9 години раководеа со министерството за внатрешни работи и со управата за безбедност и контраразузнавање.

Под нивно водство беа извршени повеќе полициски акции со кои беа отстранети безбедносни ризици и загрозувања за граѓаните, како акциите Планинска Бура и други акции, но и акции за справување со криминалот и корупцијата како што се акцијата за запленување на рекордна пратка од 500 килограми кокаин и акциите, Детонатор, Пајажина, Калдрма, Фаланга, Шпиун, Јустиција, Чекан, Гора и многу други акции.

Јанкулоска и Мијалков го расветлија и случајот Монструм, во кој свирепо беа убиени пет лица. 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега