Кукан незадоволен од одлуката на ЕУ: На Македонија и треба поттурнување, а не тишина!

Пратениците од Европскиот парламент и понатаму негодуваат на одлуката на министрите на земјите-членки на ЕУ Македонија да не биде тема на разговор на Самитот на Европскиот совет кој денеска стартува во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, токму Европарламентот и Европската комисија изминатите четири години даваа позитивни Резолуции и препораки за почеток на пристапните преговори за членство на нашата земја во Унијата, но шефовите на дипломатиите ги одбиваа истите на состаноците на Советот за општи работи 

Прв реагираше британскиот пратеник во ЕП, Чарлс Тенок, нарекувајќи ја “неправедна и за жалење“ одлуката на шефовите на дипломатиите за Македонија,а денеска тоа го направио и поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, европратеникот Едвард Кукан.

- Министрите на ЕУ-земјите донесоа една несреќна одлука,рече во изјава за МИА.  На вашата земја и е потребно силно поттурнување од страна на ЕУ, а не тишина. Јас само ќе се повикам на последната препорака на Европскиот парламент, а тоа е дека треба да се одреди датум за почеток на пристапните преговори без понатамошно одложување,  дециден е европратеникот Кукан.

ФОТО: Евести

 

најчитано сега