СДСМ и на Ден на жалост протестираше против полицијата!

 

Во денови која македонските граѓани се во тага поради осумте загинати припадници на безбедносните сили, СДСМ протестира против полициска бруталност!

Протестите кои започнаа во вторникот и прераснаа во насилен напад кон полицијата, продолжија во следните денови, но со послаб интензитет. Веќе е јасно дека СДСМ и СОРОС стојат зад ваквите протести, па нивните челници излегуваат на овие протести против оние кои го бранат народот.

На фонтана во Градски парк, СДСМ и своите поддржувачи денес  покажаа дека партиска битка за нив е поважна од загинати полицајци.

Згаснаа животите на осум полицајци кои ги одбранија македонските граѓани од терористи. Но, СДСМ протестираше против полицијата и на денот на жалост.

protessstt

СДСМ со ова директно удира по грбот на македонската полиција и ја загрозува безбедноста на државата и граѓаните. Ваквата бесчуствителност е само продолжение на насилните протести кои оваа партија ги организираше во вторникот каде полицајците беа удирани од протестантите со бекатон плочи, стапови, палки, запалени бакли, молотови коктели. 

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега