Претседателот Иванов свика Совет за безбедност во 17 часот

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, за денеска свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија, во проширен состав.

Советот за безбедност ќе заседава во состав:

1. Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија

2. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија,

3. Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија,

4. Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија,

5. Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи на Република Македонија,

6. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија,

7. Вели Креци, член на СБ,

8. Фљора Кадриу, член на СБ,

9. Насер Сејдини, член на СБ.

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и претседателот на политичката партија СДСМ, Зоран Заев, претседателот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети и претседателот на политичката партија ДПА, Мендух Тачи.

Почетокот на седницата на Советот за безбедност на Република Македонија е закажан во 17:00 часот. По завршувањето на седницата ќе следува обраќање на претседателот Иванов до граѓаните на Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега