ВЕЧНА ВИ СЛАВА:Осуммина полицајци загинаа во борбите во Куманово

Се уште се слушаат пукотници во населбата. Уште еден припадник на МВР го загубил животот по извршување на хируршка интервенција. Бројката на загинати припадници на безбедносните сили се искажи на осум, според неофицијални информации на ТВ „Сител“.

Во раните утрински часови на повредите им подлегнал уште еден припадник на безбедносните сили.

Уште еден од повредените се бори за живот, а неколкумина се во тешка состојба.

Во хируршките клиники има забрана за посета на цивили, а од внатрешноста не се препраќаат пациенти освен итни случаи.

Во текот на вчерашниот ден итната медицинска помош од Куманово и Скопје рамо до рамо оделе со специјалците до местата каде што има повредени специјалци и санирале повреди пред транспорт на клиника.

Повторно на работа се истите лекари сестри и медицинскиот персонал што значи дека самоиницијативно над 30 часа се на работа за да помогнат на повредените.

Десетина специјалци се примени во болниците 8 Септември и Свети Наум Охридски.

Неколку припадници на безбедносните сили се во тешка и критична состојба и биле оперирани уште вчера.

Спорадични престрелки се уште се слушаат, но за разлика од вчера со навистина помал интензитет. На 15-20 минути се слуша по еден рафал од автоматско оружје, а вчера со часови одекнуваа силни детонации од кои се тресеше Куманово.

Специјалната полиција го обезбедува местото, има две амбулантни возила во случај да има повредени полицајци за да ги однесат во болница.

До овој момент не се знае дали и колку цивили има во Дива населба.

Вкупно 8 полициски службеници го загубија животот во престрелките при интервенцијата за неутрализација на терористичката група која делуваше во Куманово.

Досега е познато дека животот го загубија Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово Ненад Серафимовски (28) од Зубовце,  Исамедин Османи од Студеничани, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски се шестмината бранители кои го дадоа својот живот за Македонија.

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа