Повредените пренесени на скопските Клиники

Под силно полициско обезбедување на специјалните сили се сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје каде што се пренесуваат повредените полицајци од акцијата утринава во Куманово.

Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце.

 МВР се уште не соопштува детали за полициската акција.

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа