МВР го расчисти нападот врз Богдановиќ - уапсено едно лице

Настанот поврзан со физичкиот напад врз Саша Богдановиќ, директор на ПОЦ и претседател на Општинската организација на СДСМ- Центар е расчистен уште ноќеска и уапсено е едно лице. 

Во полицискиот билтен на МВР денеска беше објавено дека околу 2 часот утринава 30-годишниот С.Б. од Скопје пријавил дека околу 10 минути пред полноќ на излегување од возило бил нападнат од две непознати маскирани лица.

Маскираните напаѓачи го нападнале С.Б. и го удриле со тврд предмет и со тупаници, по што го напуштиле местото.

Веднаш по случување на настанот едно од осомничените лица е пронајдено и приведено, а се работи за М.Д.(28) од Скопје.

Од извршениот разговор со истиот причина за физичкиот напад биле претходна расправија околу навивачки групи, стои во билтенот. 

Неофицијално, се шпекулира дека станува збор за нерасчистени средства кои требало да се поделат околу протестите организирани од опозицијата. Претходно, некои од порталите пишуваа дека се делеле дневници на дел од лицата кои протестираат кои изнесувале околу 15 евра.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на второто лице како и целосно расчистување на настанот по што ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега