Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ утре и задутре целосно затворен за сообраќај
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре поради изведување градежни работи целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со булеварот 8.Септември до крстосницата со улицата Московска.
Автобусите на јавниот градски превоз на автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по улицата Франклин Рузвелт, булеварот Партизански одреди и по улицата Московска. Во правец од Тафталиџе 2 кон Центар автобусите ќе се движат по истата траса, во обратна насока.
Автобусите на линиите 5 и 5А, во правец од Центар кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени преку улицата Франклин Рузвелт и булеварот Партизански одреди и ќе продолжуваат по својата траса, а во обратна насока, од Ѓорче Петров кон Центар, ќе се движат по булеварот Партизански одреди, улицата Франклин Рузвелт и ќе продолжуваат по својата траса по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Притоа ќе се користат постоjните автобуски стојалишта.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено воведениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа