Важна вест за матурантите: Детали за државната матура

Државниот испитен центар во текот на денешниот ден достави допис до сите средни училишта во Република Македонија, со цел детално информирање за структурата, динамиката на активностите и процедурите занепречена реализација на државната матура, која и во оваа учебна 2014/2015 година ќе се имплементира согласно досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, односно полагањето на тестовите ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.

Согласно Процедурите за организирање и спроведување на екстерниот дел од државната матура,учениците од завршните години во гимназиското образование потребно е во текот на денешниот, а заклучно со утрешниот ден, вторник 05. 05.2015 година, до училиштата да достават нова пријава за полагањето на државната матура, објавена на интернет страницата www.matura.gov.mk. За оние кандидати кои нема да поднесат пријава во овој рок, ќе важи последната доставена пријава до училиштето.

Екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година ќе се реализираат според следната динамика:

 

- мајчин јазик и литература на 11 јуни;

-  странски јазик на 15 јуни;

- математика на 17 јуни;

- хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.

 

Сите испити започнуваат во 10:00 часот.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега