На 23 години станал татко и дедо, но цел свет му се восхитува поради тоа (ФОТО)

Дваесет и три годишниот Томи Коноли бил обично момче, но за една недела целосно му се променил животот. Тој се нашол во улогата на татко, а само 7 дена потоа станал и дедо.

Имено, се започнало кога на Фејбук го контактирала неговата роднина 17-годишната Ангела, која поминувала низ тежок период од животот, па иако не се виделе долго време, му се обратила за помош. Таа се борела против зависноста од дрога, го напуштила училиштето и затруднела. Томи воопшто не размислувал, веднаш штом ја прочитал пораката седнал во автомобил и отишол по Ангела.

Како што изјавил Томи за медиумите, тој сакал да и помогне на неговата роднина и да му осигура на бебето мирен живот, па решил да ја посвои Ангела. Томи законски и станал татко на Ангела, која по една недела се породила, со што Томи станал и дедо.

- Воопшто не ми е тешко, Ангела не е виновна за тоа што и се случило. Таа е само млада девојка на која и е потребна помош, изјавил тој.

Инаку, Томи сеуште студира и истовремено работи за да обезбеди добар живот за неговото семејство.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега