Анкета: Што им е најважно на Македонците?

Во последната анкета спроведена врз повеќе од 80.000 луѓе од светот, била направена своевидна мапа на приоритети на сите народи во светот.

Па од добиените податоци се испоставило дека Македонците најмногу се грижат за своето здравје, по што се слични со жителите на Русија и Канада.

Другите балкански народи, пред сè Србите, Хрватите и Босанците, најмногу се грижат за животното задоволство, нешто во што се слични со Американците.

Костарика и Куба најмногу внимание посветуваат на хедонизмот, додека Мексико и речиси цела Јужна Америка најмногу грижи за образованието.

Словенија и Грузија се единствените земји загрижени за животната средина, која за нив претставува приоритет број еден.

Податоците се собрани и презентирани на голема мапа, каде што посебно е означен секој континент, додека приоритетите се поделени според бои.

 

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега