Си ја „лајкнал” својата фотографија на Фејсбук и си го загорчил животот

Леви Чарлс Рердон (23) е човекот кој со еден лајк на својата фотографија си го загорчил животот.

Имено неговата фотографија се појавила на официјалната Фејсбук страница на посебна програма, која има за цел да ги пронајде и уапси криминалците со помош на социјалните мрежи. На потерница по него пишувало: „Се бара поради: фалсификат, кривично дело, вкупна вредност од 2.500 долари“. Тој бил осомничен за кражба на паричници и лични чекови во Монтана, Америка, минатиот јануари. Во извештајот се наведува дека ги извадил парите од четири од шесте украдени чекови.

Иако знаел дека по него има потерница младиот Леви не можел да се воздржи па ја лајкнал сопствената фотографија на неговата потерница.

Набрзо после тоа, полицијата го уапсила, а против него е подигнато обвинение. Сега му се суди за злосторствата кои ги направил.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега