Целта на лажираните извештаи е блокирање на Македонија и притисок за промена на името

Институтот Тодор Александров изразува згрозување од сознанието дека Специјалниот известувач на ОН, Ла Ру, бил финансиран од Сорос, но и од самиот факт дека Извештаите во кој се пишува за слободата на медиумите не се релевантен израз на фактичката состојба, туку одраз на финансиските мотиви и политичките аспирации и тежненијата на поединци.

Значи за нив не е важно дали има или нема слобода, туку поважно е кој повеќе ќе плати, и таков извештај и слика ќе се креира. Најболното е што во таквиот начин на работа се вклучени и луѓе од државава кои се прогласуваат за експерти, а кои профитираат од оцрнувањето на државата.

Ова се познати методи на заплашување и манипулација зад кој стојат платеници на кои не им е важна слободата во државава туку парите кои ќе ги добијат со единствена цел оцрнување на државата во меѓународни рамки.

Ваквата форма на работење, преку лажирани извештаи во кој се оцрнува државава е притисок во меѓународни рамки врз Република Македонија за потклекнување и промена на името. Таквата намера е потпомогната од луѓе во Македонија.

Ова е суштината на ваквите лажирани извештаи чија цел е блокирање на Македонија и притисок за промена на името.Ако јавноста дозна еден од платениците, сигурно има повеќе како нив што во основа е поразителен податок.

Овие луѓе кои дваесетина години се потплатувани од една иста организација Институт Отворено Опшетство-СОРОС се водат од принципот колку полоша слика за Македонија, толку подобро за личната корист и профит.

 

            Во тој конктекст се рушат сите професионални стандарди, и оние кои сакаат да бидат гласноговорници за слобода, всушност се првите кои ја загрозуваат и прават штета на државата. Тие се луѓето кои учествуваат во притисокот кој се прави на државава за промена на утавното име.

ФОТО: Дневник