Социјалистите убедливи на изборите во Албанија - Еди Рама се поблиску до премиерското место

Социјалистите во албанскиот парламент е многу веројатно да добие 84 од 140-те мандати во парламентот и најверојатно нивниот предводни Еди Рама ќе биде новиот мандатар. Поразениот сегашен премиер Сали Бериша освои 36% од гласовите што претставува 12% помалку од освоените гласови пред четири години. Рама обраќајќи се на своите поддржувачи побарал целосно да се насочат кон работа Албанија да го достигне местото кое што го заслужува во семејството на обединета Европа. Засега без изјава е Бериша. 54% од албанските граѓани околу 3,3 милиони регистрирани гласачи излегоа на изборите кои се одржаа во неделата. Според меѓународните набљудувачи изборите поминале во фер и демократски амбиент, и дека е постигнат целосен напредок во организирањето на истите.