Црвена Звезда нов првак во АБА лигата

Кошаркарите на Црвена Звезда се новите шампиони во АБА лигата откако синоќа на теренот на Цедевита во Загреб во натпреварот број 4 ја постигнаа и третата победа во финалето од плеј офот. „Црвено-белите“ победија со 89:79 и со вкупни 3-1 во добиени натпревари стигнаа до шампионските прстени.

Чарлс Џенкинс беше најдобар на последниот натпревар со 17 поени (три тројки) од кои некои во решавачките моменти. Признанието МВП (најкорисен играч) на плеј офот му припадна на Бобан Марјановиќ од Црвена Звезда.

Инаку и двата финалиста од АБА лигата Црвена Звезда и Цедевита следната сезона ќе играат во Евролигата.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега