Непал: Смртниот биланс на загинатите од земјотресот се искачи на 6.204

Бројот на загинатите од земјотресот во Непал достигна 6.204, а повредени се околу 14.000 лица, соопштија непалските власти.

Осум милиони од 28-те милиони жители на земјата се погодени од несреќата, меѓу кои 1,7 милиони се деца, соопшти ОН.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала го погоди Непал на 25 април, што е најсмртоносниот потрес во оваа земја во последните 80 години. 

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега