Недостатокот на калциум е мит: Еве зошто се појавуваат бели дамки на ноктите

Општо прифатеното мислење според кое главна причина за појава на бели дамки на ноктите е недостаток на калциум и дека проблемот се решава со зголемено внесување на тој минерал во организмот, е обичен мит, соопштено е на германскиот Институт за општа медицина во Хановер.

Докторката од Институтот Улрике Јуниус - Вокер објасни дека ноктот е составен од 100 до 150 тенки слоеви, од кои само 0,2 проценти ги сочинува калциумот.

Ситни трауми на ноктот како што се ударите или помали повреди предизвикуваат промени на делови од ноктот кои се видливи како дисколорација, односно мали џебови воздух на нивната површина.

Постојат случаи кога е причината за настанувањето на белите дамки навистина недостатокот на калциум, но многу се ретки и се поврзуваат со пациенти со тежок недостаток на калциум предизвикан од други болести.

 

 

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега