Во Центар никнува дивоградба и покрај ветувањата на Жерновски дека ќе се бори со урбаната мафија

 

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски иако ветуваше дека ќе се бори со урбаната мафија, сепак не го исполни ветеното бидејќи сега пред очите на Калето во ценатрот на Скопје никнува нова дивоградба.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар симболично одржаа пресконференција на која информираше за изградбата на дивоградбата.

- Жерновски дури оди до таму, што не си ги почитува сопствените одлуки, донесени од службите на општината со која раководи. За оваа дивоградба која никнува во срцето на градот е донесено решение за стопирање на градбата. Но градоначалникот не постапува по истото. Фактот што Жерновски ги игнорира одлуките на сопствените служби и петициите на граѓаните, говори дека зад ваквото толерирање можеби постојат бизнис интереси, истакна Томислав Лазаров координатор на советничката група на владејачката партија во Центар.

Исто така од владејачката ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали зад оваа дивоградба стојат лица блиски до Жерновски и СДСМ.

најчитано сега