Генералот Котевски на конференција во Стокхолм
Денеска и утре началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески учествува на конференцијата на стратегиски воени партнери што се одржува во Стокхолм, Шведска.
Конференцијата на стратегиски воени партнери се одржува секоја година, а годинава на конференцијата учествуваат 52 учесници.
Во фокусот на форумот годинава е „Создавање на иднина во контекст на градење на заедница со заеднички цели споделени врз база на ризиците и придобивките“. На конференцијата исто така ќе бидат разгледани сите понатамошни аспекти за нови партнерства, можностите за соработка со партнерите по мисијата ИСАФ, како и разгледување на можностите за јакнење на регионалната соработка како важен фактор за јакнење на глобалната безбедност.
На маргините од конференцијата во Стокхолм, се очекува генералот Котески да има средби со повеќе негови колеги-учесници на форумот, соопшти ГШ на АРМ.
ФОТО: А1.он