Му ги држи во заложништво свињите на соседот - бара откуп од 70 евра
Конфликтот меѓу двајца Хрвати кој траел веќе неколку години, кулминирал со тоа што кога на едниот нив му излегле свињите и му ги уништиле посевите на другиот по што му направиле штета поголема од 500 куми. Неверојатно бизарна ситуација во која соседот по направената штета ги киднапирал свињите а за нивно ослободување му барал 70 евра.
„Ова не е прв пат да ми го уништат дворот. Додека не ми ги донесе парите нема да му ги ослободам свињите“, вели Јово.
Од друга страна Томо вели дека нема пари да ги врати своите животни и наведува дека ќе се обрати до полицијата и ветеринската инспекција за помош. Од полицијата велат дека немаат овластување за да го натераат Јово да ги ослободи животните, а тој се плаши дека неговиот сосед не ги храни. Ситацијата изгледа безизлезна и останува да се види како ќе се одвива во наредните неколку денови.