Реал и Атлетико без трансфери наредните два преодни рока

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги дисциплинира шпанските клубови.

Планира да ги забрани трансферите во наредните два преодни рокови за мадридските клубови, за Реал и Атлетико.

Како што тврди „Кадена Сер“ ФИФА првин, поради нелегалниот ангажман на малолетни играчи, ќе го казни Атлетико, па потоа и актуелните фудбалски шампиони на Европа.

Ова ќе биде трет случај на казнување на шпански клубови поради доведување на малолетни играчи. 

Минатата година и беше изречена казна на Барселона, односно едногодишна забрана за трансфери која ќе трае до јануари 2016-та година.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега