Димовски во работна посета на Турција

На покана од турскиoт министер за храна, земјоделство и сточарство Мехди Екер од денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски ќе престојува во дводневна работна посета на Анкара, Турција.

Министрите на средбата ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу владите на Македонија и на Турција за соработка во областа на земјоделството.

Како што соопшти МЗШВ, за време на посета на Турција министерот Димовски ќе се сретне и со турскиот министер за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега