Меркел ќе соработува со истрагата во шпионскиот скандал

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе соработува со истражителите во случајот во кој германската контраразузнавачка агенција (БНД) им помагала на агентите на американската национална безбедносна агенција (НСА), пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Германските медиуми објавуваат дека БНД дозволила Американците да ја користат германската мониториннг станица во јужна Баварија. И високотиражниот Билд и влијателниот Дер Шпигел тврдат дека целта на шпионирањето биле француските власти и европски компании во областа на безбедноста. Според истражителите БНД делувала спротивно националните интереси со шпионирање на француските власти, а Билд тврди дека била во контакт со документ кој докажува дека за операцијата била информирана канцеларката Меркел уште во 2008 година. 

Пратеникот од зелените во Европскиот парламент Жан Филип Албрехт обвинува дека Меркел се однесувала дволично. Во моментот кога Едвард Сноуден ги откри инфорациите за американското прислушување на сојузниците Меркел изјави дека „шпионирање на пријатели не смее да има“  што според Албрехт може да значи дека членките не ЕУ не се пријатели на Германија.
 
Со последните наводи во јавноста, германската Влада се соочува со сериозни критики иако предходно со случајот во кој наводно американската НСА ја прислушуваше Меркел земјата се обиде да биде претставена какоо жртва.
 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега