Руското вселенско летало Прогрес неконтролирано паѓа кон Земјата

Руско вселенско летало без екипаж, што врши снабдување на Меѓународната вселенска станица, паѓа неконтролирано кон Земјата, изјави анонимен руски службеник. 

- Леталото паѓа кон Земјата, бидејќи нема друго место каде да оди. Јасно е дека дошло до некои целосно неконтролирани реакции, изјави анонимен службеник запознаен со ситуацијата.

Се очекува во текот на денот руската вселенска агенција да објави соопштение за настанот. 

Вселенското летало „Прогрес М-27М“ е лансирано вчера од центарот во Бајконур во Казахстан, но по неговото одвојување од ракетата контролната мисија соопшти дека повеќе нема контрола над него.

Леталото „Прогрес М-27М“ носи околу 2,5 тони товар за екипажот на Меѓународната вселенска станица, како и копија на Знамето на победата, што советски војници по борбата за Белин на 1 мај 1945 година ја поставиле на зградата на Рајхстагот.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега