Семејството на српската манекенка: Нашата ќерка е во тешка психичка состојба
Таткото на манекенката Мина Миленковиќ чие исчезнување и наводно силување ја дигнаа на нозе цела земја вели дека тој и нејзината сопруга не знаат што се случило нивната ќерка во тие критичните 39 часа.
“Ние не знаеме што се случило со нашата ќерка. Не знаеме што се случило со нашата ќерка. Не знаеме што преживеала во тие два дена. Таа не беше во состојба да ни каже нешто, па не ние е јасно од кај се тие приказни за оргиите и мажите“, вели вели Зоран Пуношевац за дневниот весник „Ало“.
„Таа е во тешка психичка состојба. Со неа е тешко да се разговара. Никогаш досега немала психички проблеми. Не се жалеше ниту на мене ниту на мајка и. Сепак се ќе биде познато по полициската истрага. Важно е што таа е најдена “, вели нејзиниот татко.
Нејзините пријатели и семејство исчезнувањето го пријавиле откако по неколку часа не се јавила и не била достапна на мобилниот.
„Ни беше чидно што не се јавува. Таа со мајка и се слушаше секој ден најмалку пет шест пати“, вели Зоран.