Повредени Мојсовски и Марковски

Македонската ракометна репрезентација утре ќе го пречека актуелниот светски, европски и олимписки шампион Франција во квалификациите за Европското првенство. Во пресрет на овој дуел на повреди се пожалија Наумче Мојсовски и Велко Марковски, пренесе МИА.

- На вчерашниот полесен тренинг работевме одбрана, а на повреди се пожалија Наумче Мојсовски и Велко Марковски. Мојсовски има проблеми со рамото на шутреска рака, додека Марковски се пожали на болки на ахиловата тетива. Се надевам дека нема да биде проблем и двајцата „ќе стиснат заби“ и ќе играат изјави селекторот Ивица Обрван.

Тој очекува неговите избраници да се прикажат во добро светло со оглед на тоа што ќе играат без резултатски императив.

- Сите ја знаеме Франција и нивниот квалитет. Дома ќе играме без пристисок, а вистинските дуели од квалификациите ќе ги играме во јуни со Чешка и Швајцарија. Очекувам позитивен резултат и ќе го дадеме најдоброто што можеме, додаде Обрван на денешната прес-конференција.

Според голманот Борко Ристовски „триколорите“ го имаат најсилниот состав во последната деценија.

- Франција е најдобрата репрезентација во последните 10 години. Ова е можност да видиме до каде сме и нема што да загубиме. 

Дуелот Македонија - Франција се игра утревечер во СЦ „Борис Трјковски“ во Скопје со почеток во 20:15 часот, а влезници за натпреварот има уште во мал број.

Во 20 часот во Шахфаузен играат Швајцарија и Чешка. 

Табела: Франција 4 бодови, Македонија 3, Чешка 1, Швајцарија 0

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега