ВИДЕО: Oва се најстарите младенци на светот- тој има 102, таа 91 година

Џорџ Кирби и Дорин Лаки ќе се венчаат на 13 јуни, кога тој ќе наполни 103 години, а таа 91 година.

 

Но годините не ги спречуваат во исполнување на нивната желба за да се венчаат, а со ова тие ќе станат најстарите младенци во светот.

 

Овие Британци се запознале во 1988 година и заедно живееле 25 години. Имаат седум деца, 15 внучиња и седум правнуци.

На Денот на вљубените годинава, Кирби конечно ја побарал раката на неговата сакана.

– Не клекнав на едно колено, бидејќи мислам дека немаше да можам да станам, опишува младоженецот како ја запросил својата невеста.

 

Двојката живее во источен Сасекс и планираат да останат заедно до крајот на животот.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега