БРАВО: Пет медали за македонски пливачи во Бања Лука

На силниот меѓународен плчивачки митинг „22.ри Април“ во Бања Лука, членовите на пливачкиот клуб Бета освоија пет медали во конкуренција од 550 пливачи од 8 земји.

Љупчо Ангеловски освои второ место (сребрен медал) во дисциплината 50 метри грбно и трето место (бронзен медал) во дисциплината 50 метри делфин, додека  Марко Бејатовиќ трето место (бронзен медал) во дисциплината 500 метри грбно.

Андреј Стојановски освои второ место (сребрен медал) во дисциплината 800 метри слободно и трето место (бронзен медал) во дисциплината 1500 метри слободно, а успеа да се избори за финале во силна апсолутна категорија во дисциплината 400 метри мешано и 800 метри слободно.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега