Во Белград ќе биде поставен споменик на Зоран Ѓинѓиќ

Во Белград ќе биде подигнат споменик на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

На седница на градскиот совет во Белград беше одлучено споменикот да биде финансиран од градскиот буџет.

Инцијативата е на група советници од Демократската партија чиј претседател беше Ѓинѓиќ.

Инаку, Зоран Ѓинѓиќ, прв демократски избран премиер на Србија по симувањето од власт на Слободан Милошевиќ беше убиен на 12 март 2003 година.

ФОТО: Нова Тв