Трајановски: Кафулињата ќе работат до полноќ - за викенд до 1
Угостителските објекти кои се наоѓаат во стамбени згради ќе продолжат да работат како и до сега, односно до 24 часот, а во деновите петок и сабота, како и за државни празници до 1 часот по полноќ. На генералното собрание на ЗЕЛС, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ги демантираше најавите за скратеното работно време на угостителите, со образложение дека ова било само предлог на станарите, на состанокот во советот на градот, кој не бил вметнат во новите измени на Законот за угостителска дејност.
Најпогодени од зголемената бучава и со најмногу поднесени поплаки се граѓаните кои живеат во урбаните градски средини. Во текот на 2014 година до МВР има поднесено 714 барања за поведување прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа