Бизнис потенцијалите на Македонија претставени во Хирошима

 

Деновиве бизнис конфедерацијата на Македонија имаше можност пред јапонски експерти да ги презентира својата работа, мисијата и идните планови за поголем економски раст и подобрување на социо-економската состоба во земјата.

Членовите на Конфедерацијата беа гости на Префектуралниот државен универзитет во Хирошима, Јапонија, во рамки на програмата Политики за развој на мали и средни претпријатија, обезбедена преку јапонската програма за развој  ЈИЦА и  Секторот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

Викторија Митрикеска од Конфедерацијата на Македонија ги претстави основните стратегиски документи на организацијата како основа за подобрување на состојбите кај малите и средните претпријатија во Македонија, Анализата за сезонските вработувања во индустријата, Агендата за општествена одговорност, реструктуирање на транспортната индустрија и водичот за бизнис етички кодекс за македонските претпријатија.

ФОТО: Алфа

 

најчитано сега