Германија не предупредила на авио - ризикот во Украина

 

Германските и британските медиуми тврдат дека владата во Берлин знаела за ризиците од прелетување на цивилни авиони преку исочна Украина пред уривањето на авионот со број на лет МХ17.

Според извештаите кои што цитираат дипломатски телеграми од јули минатата година германските власти не ги пренесле предупредувањата за можна катастрофа, јави дописникот на МИА од Берлин.  Два дена пред падот на авионот во кој загинаа 298 луѓе во дипломатската преписка било наведено дека состојбата е „крајно алармантна“. Според документите на 14 јули 2014 година во источна Украина бил урнат авион на украинското воено воздухополовство на висина од околу 6,000 метри. Летот МХ17 кој сообраќање на линијата Амстердам - Куала Лумпур беше урнат три дена подоцна.

Според германските јавни телевизии НДР и ВДР како и според весникот Зи Дојче Цајтунг документите од министерството за надворешни работи во Берлин го опишале падот на Украинскиот воен авион како значаен развој на настаните поради висината на која што летал авионот. Според извештајот кој што го објавуваат германските медиуми германското разузнавање постојано повторувало дека има сериозна закана за авио безбедноста во овој дел од Европа. Сепак извори во авиокомпанијата Луфханза тврдат дека немало предупредување за преземање безбедносни мерки. На денот на падот на авионот на Ер Малезија во ризичниот регион летале три германски авиони од кој еден прелетал само 20 минути пред катастрофата и чиста среќа е што ниту еден од нив не бил погоден велат извешаите во кои изворите на Луфтханса тврдат дека „доколку владата ги предупредела за новиот статус тие веќе немало да летаат во источна Украина.

Според меѓународната истрага предводена од Холандија од каде што беа најголем дел од загинатите патници едно од најверојатните сценарија за падот на давионот е негово уривање од страна на ракетен фрлач од руско производство но финалните анализи ќе бидат објавени во Октомври.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега