Латас: Бог да го поживее референдумот и крајот на Заев и СДСМ
Загубија во Центар каде што победуваа… можете ли да замислите, тогаш, колкава загуба во однос на минатите избори имаат во другите скопски општини каде што СДСМ беше поразен, а да не зборуваме за општините низ Македонија. Дајте избори сега!
Не се врати Црвенковски случајно во политиката токму сега. Се врати затоа што го виде она што денес го видоа сите – не само што СДСМ не е во победничка офанзива, СДСМ е на колена и му треба помош дури и од Црвенковски и неговите соработници.
Пукна референдумот за сегашниот изглед на ГТЦ. Но, тоа и не е толку страшно и важно, важно е што со тоа пукна СДСМ. Од вечерва, 26 април 2015 година, СДСМ не е партија каква многмина веруваа дека е, или дека би сакале да биде. Под водство на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Петре Шилегов нивната политика и нивните бомби, СДСМ стави точка на својата историја. И, треба да бара форма и сила воопшто да опстане, а не да се залажува дека е демократска партија пред преземање на власта.
Ако некој веруваше поинаку, денес е разуверен. СДСМ распиша референдум во амбиент на крајно инцидентна атмосфера предизвикана од криминалот на Зоран Заев во Струмица и неговите незаконски објавувани прислушувани телефонски разговори. Атмосфера во која СДСМ, соросидите и нивните медиуми форсираа лажна слика дека цела нација е на нозе, дека Груевски е омразен и никој не го сака, дека власта само што не паднала во нивни раце, дека јавноста е на нивна страна… но, секоја пијана заблуда има свое утро, свое отрезнување.
За СДСМ на Зоран Заев тоа утро осамна денес, на 26 април 2015 година.
Реферeндумот беше свикан на граѓанска тема – изглед на трговски центар, идеална тема да се навлечат и повлечат на своја страна и неутрални луѓе, како и непартски гласачи кои можеби и гласале за ВМРО на локалните и парламентарни избори но кои сега, на една чисто граѓанска тема, би гласале за сегашната фасада на ГТЦ, а нивниот глас СДСМ би си го броел како партиски успех. Планот е добро замислен, проценката за расположение во јавноста е лоша. Клучно и судбински лоша за СДСМ во оваа атмосфера на нивните бомби.
Особено на само две недели пред најавените партиски протести и демонстрации. Референдумот за ГТЦ, гледано од страна на СДСМ, беше коцкање со највисок влог.
Ако успее, барем според излезноста, тоа ќе го употребеа како јавна поддршка за нивната бомбашка политика, за подготовка пред демонстрациите од 9 мај, за легитимирање дека зад Заев и Шекеринска стои народ, и дека дипломатите треба да дадат дополнителен притисок за нивното барање – нова влада, и нивна власт без избори.
Сега, сето тоа падна во вода. СДСМ е прочитан, и отфрлен од јавноста.
Референдумот им пропадна, и тоа без контракампања на ВМРО ДПМНЕ. Може само да се замисли ако машинеријата на таа организирана партија се ставеше во погон, излезноста нема да преминеше ни 30 проценти. Вака, оставени на раат, СДСМ собра помалку гласови дури и од минатите избори.
Имено, на минатите избори СДСМ имаше околу 16.500-17.000 гласови во општина Центар. Сега има и помалку. И тоа без борба, и контра кампања од ВМРО ДПМНЕ во полза на новата фасада, и агитација за поддршка на нивната визија за ГТЦ.
Во општина Центар има 43.000 гласачи, на референдумот излегоа околу 40%, или околу 17.000 гласачи, но не гласаа сите за предлогот на СДСМ. Со ова, во атмосфера која СДСМ ја дигна до ниво на омраза, без контракампања на ВМРО ДПМНЕ во полза на нивната визија за ГТЦ… СДСМ собра едвај околу 16.000 гласови! Или, доби поддршка помала отколку на минатите парламентарни и претседателски избори! Треба ли некој да им нацрта што се случи.
Каде се сега нивните клеветања и тензии дека ВМРО ДПМЕ им ги украле изборите?!
Еве ги, сами на теренот, без контра кампања и конкуренција, освојиа и помлаку отколку<br />кога ВМРО ДПМНЕ се појавува како контра-кандидат.
Само 45 минути по завршување на гласањето Жерновски излезе и кажа дека е ова голем ден за демократијата, и дека тие имаат 95 проценти поддршка меѓу оние 40 проценти кои излегле на гласање. Не кажа дека е тоа помала поддршка, и помалку гласови отколку што освоиле на последните избори во Центар.
Тоа е изјава на градоначалник и иницијатор на рефернедумот само 45 минути по затворање на гласачките места, и време пред и да почне броење на гласаовите, а Жерновски веќе ги знаше резултатите… а од каде ги знаел?! Дали е тоа демократска изјава, дали е тоа прилог кон легитимитет на изборен процес… секако дека не е.
СДСМ денес доживеа дебакл. Дури и тоа е блага оценка на овој пораз.
Толку тежок пораз што нивните новинари, на чело со нивниот Бранко Геровски, веќе во 19:30 часот почнаа со плукање на СДСМ и на Жерновски, се пишува и за негова оставка и политичка неписменост на партијата и партиската логистика.
Не е ова пораз само на Жерновски, и не е фер целата вина за неуспех да се фрла само врз неговиот грб. Тој за ова не решавал сам, и не е креатор на политиката на СДСМ која последниве година дена се состои во криминал, корупција, шпионски игри, подигање етнични тензии, екстремни потези како обајвување туѓи прислушувани телефонски разговори, навреди и клевети, фронтови и насилства кон новинари, медиуми, бизнисмени… не може Жерновски преку ноќ да ја преврти на глава таа атмосфера на страв, омраза, закани, корупција, анархија и јавно понижување луѓе која ја креираа Заев, Шекеринска и Петре Шилегов.
Уште кога се виде дека таа нивна политика на СДСМ денес ја промовираат ликови како Стојанче Ангелов, Бубо Цацко Каров, Саше Политико, оној од Крива Паланка со Доказ, Никола Коља Мрак Гелевски, Милчин, Ацо Кабранов, некојаси Ременска, Јове Кекеновски,… требаше да им биде јасно дека со тоа секоја политика е осудена на пораз, и пропаст.
Затоа, не барајте бесење на Жерновски. Тој барем победи меѓу 80-те кандидати на СДСМ за градоначалници кои загубија на локалните избори, а сега се меѓу најумните.
Ова денес е збогум за Зоран Заев, Шекеринска, Петре Шилегов и таа банда црвени кмери кои си дозволија во политиката се што ќе им падне на ум, најчесто надвор од законот а во рамките на нивните паланечки, долни, подли и хушкачки менталитети.
Да, и од утре од нив ќе слушаме како на народот му е доста, и како тие водени од раката на Господ се дојдени овде за да ја спасат Македонија… но, тоа ќе личи на излитена фраза и бедна комедија на актери кои се мамурни по долга пијанка и разврат.
Загубија во Центар каде што победуваа… можете ли да замислите, тогаш, колкава загуба во однос на минатите избори имаат во другите скопски општини каде што СДСМ беше поразен, а да не зборуваме за општините низ Македонија. Дајте избори сега!
Не се врати Црвенковски случајно во политиката токму сега. Се врати затоа што го виде она што денес го видоа сите – не само што СДСМ не е во победничка офанзива, СДСМ е на колена и му треба помош дури и од Црвенковски и неговите соработници.
Прашање е дали таа помош не е задоцнета, и може ли воопшто тој партиски бренд да се опорави. Особено со митинзи и демонстрации кои, по референдумот, ќе бидат само гола провокација за граѓански немири и етнички тензии меѓу Македнонците и Албанците.
Ако, според СДСМ, досегашните изборни порази се случиле затоа што победата им ја украле од ВМРО ДПМНЕ… кој е виновен за денешниот дебакл на кој ВМРО ДПМНЕ не ни учествуваше како противкандидат.
Терајте сега и понатаму со вашите бомби, воајерства, понижување луѓе, омраза и хушкање насилства… ние остануваме во реалниот и нормален свет. И за разлика од вас, како што и денес можевте да видите – имаме поддршка за тоа.
Извор: Вечер
Пишува: Д.П. Латас
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа