Тачи: Ќе бидам претседател во 2016

Германскот весник “Frankfurter Rundschau”пишува дека потпретседателот на косовската влада, Хашим Тачи, ќе биде новиот претседател на Косово,според договорот меѓу коалицините партнери Демократскиот сојуз на Косово- Демократска партија на Косово.

Во интервју за германскиот дневен весник,Тачи,најавува дека според договорот тој ќе биде претседател на Косово.

-Според овој договор јас ќе бидам  претседател на Косово откако на актуелната претседателка ќе и измине мандатот, изјавил Тачи.

Потоа, како што пишува весникот, Тачи, на меѓународната сцена, ќе го презентира Косово како претседател.Тачи зборувал и за нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија,нагласувајќи дека Србија треба да се откаже од минатото на Милошевиќ и да гледа кон иднината.

Мандатот на актуелната претседателка,Атифете Јахјага и изминува мандатот во јуни  2016 година

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега