ЕУ: Да се разбие илегалната миграција и да се уништат бродови за шверц на луѓе

Лидерите на Европската унија синоќа на вонреден состанок се договорија бранот илегални имигранти да го спречат со „разбивање на шверцерски мрежи, изведување виновници пред суд и запленување на нивни имот“ како и “заплена и уништување на бродови пред да се користат за трговија со луѓе“.

Тоа се наведува во заедничкото соопштение од шефовите на држави или влади на ЕУ.

Тие предочуваат дека тоа ќе биде направено со заедничко дејствување на воено-полициски и судски органи на Унијата како и со „зголемување на разузнавачката и полициска соработка со трети држави“.

Побарано е од високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини веднаш да ја подготви таа операција.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека се треба да се направи за да се спречи губење човечки животи и со операции за трагање и спасување.

Тие наведуваат дека Европол ќе открива и спречува да се појават на интернет пораки на шверцери со кои се привлекуваат мигранти бегалци, а во трети држави од кои доаѓаат илегални имигранти или преку кои преминуваат, ќе бидат воспоставени центри на ЕУ за надзор и врски.

На самитот е одлучено тројно да се зголеми буџетот наменет за операцијата Тритон за надгледување и спасување имигранти во Средоземното Море кој досега беше три милиони евра месечно.

Велика Британија понуди три воени бродови и хеликоптери во борбата против транспортот на мигранти по Медитеранот, додека Франција понуди два брода и еден авион во рамки на операцијата Тритон.

Туск нагласи дека државите од ЕУ треба да покажат „вистинска солидарност“ ид а бидат подготвени да ги „жртвуваат националните интереси“.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега