Двајца пешаци прегазени на скопските улици

Двајца пешаци и еден велосипедис се здобиле со тешки повреди во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје, каде се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно поминале на црвено светло на семафорите, како и седум возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега