Македонија на 93 место на листата најсреќни држави во светот

Најсреќна држава во светот е Швајцарија, а на листата од 158 држави Македонија е на 93 место, се вели во извештај на Меѓународната студија за среќата (The 2015 World Happiness Report) објавена во Њујорк.

Според таа студија, која опфаќа период од 2012 година до 2014 година, Швајцарија како најсреќна држава ја следат Исланд, Данска, Норвешка и Канада.

Потоа, до десетото место се Финска, Холандија, Шведска, Нов Зеланд и Австралија.

На ранг листата Словенија е на 55 место, Хрватска на 62 место, Косово е на 69 место, а Црна Гора на 83 место. Албанија е на 95 место и БиХ е на 96 место.

На 15 место се САД, Белгија е на 19 место, Велика Британија на 21 место, Германија е 26-та и Франција е на 29 место. Русија е на 64 место.

Извештајот за среќа објавен е по третпат во намера да влијае врз државната политика. Прва таква студија, ОН објавија во 2012 година. Студијата опфаќа податоци од БДП по глава на жител, очекуван животен век, дали граѓаните имаат општествена поддршка, дали имаат слобода да донесуваат животни одлуки и дали се ослободени од корупција како ипроценка колку во општеството има великодушност спрема граѓаните.

Меѓу десетте најнесреќни држави се Авганистан, Сирија, Того, Бурунди, Бенин, Руанда, Буркина Фасо, Брег на Слоновата Коска, Гвинеја и Чад.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега