Латас: СДСМ е дно - Заев објавува маалски муабети

Смена на власта на насилен начин е Пуч. Кога од другата страна место премиер би седел некој бизнисмен на кого му се закануваш, тогаш тоа би било рекет, истакна Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Јади бурек“.

-Јас не сум можел да претпоставам дека толку апла некој човек како Зоран Заев да собере група луѓе од Струмица да ги чуваат дкументите во некоја соба, дека таму ќе спие и дека ќе објавува приватни разговори кои немаат врска со политика, битно е само да се задоволи неговиот провинциски металитет, рече Латас.

Тој додаде дека дури и ако се земе хипотетички дека разгорите се легално прибавени, сепак е кривично дело истите да бидат објавени.

-Но што има криминално во раговорот меѓу Јанкулоска и Ставрески, еве да земеме дека таков рааговор постои, ако они разговараат дека некој трет министер бил дебел, глуп или незнам каков. Или во тоа што Пишев мисли за Бонева дали е она ваква или онаква, посочи Латас.

Тој вели дека СДСМ монемтално е на дното и дека Зоран Заев објавува само малски оговарања.

-Во овој случај имаме еден маж кој претендира да биде мушкарчина со кондури број 39 и бела кошула, Заев е човек дојден од Муртино со кондури број 39 и не може да си замислува дека е Кенеди. Што прави тој – доаѓа на прес и почнува да објавува прислушкувани  разговири и тој сам одлучува што е приоритено,а што не. Во првите 5 обајвени имаше разговори за Бонева, тој сака да си го исчисти територијата во Струмица па се фатил за неа, сељачки менталитет, си прави малско оговарање што одговара на неговиот менталитет и неговите кондури бр 39. Не зе заниамва со некои инвеститори,  туку се занимава со малски разговори, истакна Латас во емисијата.

Според него, Заев е фасциниран од негои ликови, кои сака да ги прикаже во лошо светло, за тој да изглед аподобар од нив.

-Тој е фасциниран од Сашо Мијалков, тој доаѓа во Скопје и никој не го третира како скопјанец туку како дечко од Муртино и сега што сака да докаже. Тој си вели јас сум поголема историска личност од Груевски,  геледајте го каков е,  јас сум попаметен од Латас гледајте го каков е, јас сум подобар од Сашо  Мијалков, гледајте колку сум по харзиматичен, смета Латас.

Заев, како што посочи тој, на Алсат тв призна дека има разговри за Макрадули и Црвековски, што, како што рече е рекет во самата партија.

Доказ за тоа дека разговорите се монтирани, нагалси Латас е и тоа што Заев пред самите разговори кажува што ќе чујат граѓаните во нив, по што дава и негов сопствен заклучок.

-Те воведува, ти го пушта разговорот што тој го сака и како сака да го слушнеш, рече Латас, додавајќи дека секој кој малку се занимава со аудио ќе сфати дека има три парчиња се монтирани да личат како едно, а ако слушнете ќе видите разлика во позадинските шумови, во еден од разговорите на Јанкиески има толку нагли резови што се слуша како со кола стои на семафори и има свирење, па има мирна позадина. Во друг на  Груевски и Јанакиески  има два разговори во два различни дена во едниот збори во идно време, а тој вика сега. И двата се мнотирани и прикажани како еден разговор, посочи Латас.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега