Таа успеа да го излаже светот: Излажала дека го излекувала ракот, а многумина го бараа спасот кај неа

По многуте шпекулации, една од најпознатите блогерки на светот која тврдеше дека го излечила ракот на мозокот благодарејќи на посебниот режим на исхрана - признала дека сето тоа било лага.

23-годишната Бел Гибсон стана светски позната по тврдењата дека го излечила канцерот кој бил во одмината фаза, а ја следеле милиони луѓе. Издала книга и мобилна апликација под името „The Whole Pantry” , каде таа ги препорачувала рецептите и давала совети за здрава исхрана. 

Медиумите многу пишуваа за оваа девојка, и покрај тоа што нејзините тврдења не беа верификувани, а сега признала дека никогаш немала рак. 

Во едно списание за жени во Австралија таа изјавила: „ Ништо од тоа не е вистина. Не барам прошка, мислам дека е одговорно ова што ќе го кажам. Од луѓето не очекувам да кажат Ок и таа е човек“.

 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега