ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ готви меѓуетнички конфликт

Со секоја прес конференција СДСМ на дело ја повторува целта поради која Заев го спроведува ова негово антидржавно сценарио, а тоа е дестаблизација и создавање на криза во државата.

Последните низа на настани и се понгласеното отворање на чувствителни теми јасно ја дефинираат намерата на СДСМ да придизвика влошување на меѓучовечките и етнички односи. Играњето на таа карта е многу опасно и за СДСМ, но најмногу за граѓаните и за Република Македонија. Тежината на овие теми СДСМ не ја препознава, иако постојано кокетира, со што покажува бесчуствителност и немање на одговорност за вака значајни прашања.

СДСМ мислат дека ако одат и пуштат креирани, монтирани и прилепувани материјали во повеќето градови низ државата, иако тие материјали како денес немаат никаква врска со Велес ќе создадат сомнеж за некакви нерегуларности, или незаконски дејства. Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги убедат во нешто што реално не постои, и што е измислена манипулација со монтирани материјали.

Но вистината е дека креираните материјали на СДСМ немаат никакви аргументи, факти и не докажуваат ништо. Вистината е во она што навистина се случило. Ниту до сега некој завршил во ендек, ниту некому била скршена глава, ниту пак нечива фирма била затворена, ниту пак некогаш судски одлуки биле договорени.

  Граѓаните не даваат доверба на оние кои лажат и манипулираат туку на конретни проекти, на проекти кои ги прави Владата како зголемени пензии, зголемена социјална помош, поголеми стипендии, поголеми плати, отворање на нови работни места и привлекување на нови инвестиции, субвенции за земјоделието, изградба на три нови автопати и најава за изградба на нов четврт, две нови клинички болници, и реконструкција на старите, нови училишта и градинки.

Бомбата на СДСМ во Велес, за жал пукна пред 20-тина години кога заради погрешните  политиките на СДСМ се затворија речиси сите фабрики и претпријатија, а над 10 000 велешани останаа без работа. Ефектот од погрешните политики на СДСМ Велес ги гледаше и тогаш, а ги гледа и денес.

Ова СДСМ не може да го промени со ниту една своја лага и монтажа.

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - реакција на прес конфернецијата на СДСМ)

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега